Во потчинетите единици од составот на бригадата за логистичка поддршка (брЛП) во гарнизоните Кичево, Штип и Скопје во период од 16 март до 24 април се спроведува обука за ракувачи со материјални средства.
Согласно Планот и Програмата креирани од страна на изведувачите на курсевите, цел на обуката е оспособување на ракувачите и останатите лица кои извршуваат задачи од доменот на материјално-финансиско работење за правилно и еднообразно материјално работење и водење на потребната материјална документација.
Содржината на темите кои се однесуваат на материјалното работење и ракување со материјални средства се реализира преку презентации, вежби и практична работа. На тој начин слушателите се запознаа со постапките при прием и движење на материјалните средства како што се издавање, расходување, преименување, прекатегоризирање како и постапките при попис, губење и оштетување на материјалните средства.
Преку овој вид на обука на слушателите ќе им се овозможи успешно да се справуваат со предизвиците на должностите кои ги извршуваат, а со истата ќе бидат опфатени околу 200 лица од командата и потчинетите единици на брЛП.