Врз основа на Годишниот план календар за обука на Баталјонот на Воена полиција (бВП) за 2025 година, припадниците на бВП во периодот од 11.12 до 23.12.2025 година реализираа стручно-специјалистичка обука „Обука за снајперисти“, со поддршка од инструкторски тим од Баталјонот за специјални сили (бСС).
Целта на обуката беше воено-стручно и методско надградување на знаењата на војниците снајперисти, како и усвојување на нови вештини и современи знаења неопходни за извршување на задачите.
Со реализацијата на ваквите стручно-специјалистички обуки, бВП континуирано ги развива и унапредува своите капацитети и оперативни способности.








