Контингентот на АРМ од седмата ротација во мисијата „Одлучна поддршка“ во командата за обука, советување и асистенција-главен град (КОСА-ГГ)“ по приемот на должноста ги отпочна своите активности согласно доделените задачи.
Како една од првите активности по минатонеделниот прием на должноста, претставници на македонскиот контингент беа во состав на делегација предводена од командантот на КОСА-ГГ, бригаден генерал Тајар Ајдин, во обиколка на 111-тата дивизија на Армијата на ИР Авганистан, одговорна за обезбедување на главниот град Кабул.
При посетата, најстариот национален претставник на македонскиот контингент, воедно и заменик на командантот на КОСА-ГГ, полковник Зоран Илов се сретна со командантот на 111-та дивизија генерал-мајор Абдул Насир Зијаи, како и со командантот на втората бригада на Армијата на ИР Авганистан бригаден генерал Абдулсетер Хатгари.
Притоа претставниците на АРМ, заедно со претставниците од турскиот контингент во чиј состав нашите штабни старешини извршуваат задачи, учествуваа во донација на колички за лица со инвалидитет.