Припадниците од 4. пешадиски баталјон (4.пб), од составот на 1. пешадиска бригада (1.пбр), денес во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево го одбележаа Денот на единицата. Одбележувањето се реализираше во услови кога припадниците на баталјонот, заедно со останатите припадници на Армијата се ангажирани во поддршка на државните институции во спречување на ширењето на пандемијата предизвикана од вирусот „COVID-19“.
На свеченоста со пригоден говор се обрати полковник Бесник Емини, кој честитајќи го денот на единицата истакна дека треба да се продолжи и понатаму со професионално извршување на доделените задачи и обврски во услови на пандемијата. Свое обраќање имаше и командантот на 4.пб, потполковник Горан Трајановски, кој се осврна на реализираните активности во изминатиот период.
По повод овој ден, беа доделени стимулативни мерки за постигнатите резултати во обуката и извршувањето на секојдневните обврски и задачи во текот на работата, за несебичното залагање и јакнење на воениот колектив.
Припадниците на 4.мпб, по повод денот на единицата, претходно на дело ја покажаа хуманоста преку доброволно дарување на 50 крвни единици.
На одбележувањето на Денот на единицата присуствуваа, командантот на 1.пбр, полковник Бесник Емини и команданти на единиците од составот на бригадата.
ГЃ/БН