На ден 12 октомври 2018 година, во касарната „Боро Менков“ во Куманово, со полагање на цвеќе пред бистата на народниот херој Боро Менков, се одбележа патронатот на касарната, односно 77 години од загинувањето на народниот херој.
Пред стројот на припадниците на касарната и присутните гости, со пригоден говор за ликот и делото на народниот херој Боро Менков се обрати командантот на касарната, потполковник Ердоан Хасан и историчарката Јасмина Георгиевска, од музејот на градот Куманово.
На одбележувањето, покрај останатите гости присуствуваа и командантот на Здружената оперативната команда (ЗОК), генерал-мајор Павле Арсоски, претставници од командата на ЗОК, претставници од командата на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), градоначалникот на општина Куманово, претставници од сојузот на борци од Куманово, преставници од јавните претпријатија и служби во зоната на одговорност на 1.механизиран пешадиски баталјон (1.мпб).
Одбележувањето на патрониот ден на касарната беше збогатено и со културно уметничка програма на учениците од гимназијата “Гоце Делчев” и децата од градинката “Ангел Шајче“ од Куманово.
Во рамките на одбележувањето на патронатот на касарната, беше реализирана и крводарителна акција од припадниците на касарната, при што беа собрани 50 крвни единици.
За присутните гости, припадниците на касарната „Боро Менков“ организираа тактичко-технички збор, со кој на гостите им презентираа дел од вооружувањето и опремата со која располагаат.
Народниот херој Боро Менков загинал на 14.10.1941 година во реонот на село Белановце, како припадник на Карадачкиот партизански одред.
Боро Менков за народен херој е прогласен на 30 декември 1951 година, со уште 65 учесници во НОБ.
ИН/СМ/НЈ