Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, со оддавање на почит и полагање на цвеќе пред бистата на народниот херој Боро Менков беше одбележан патронатот на касарната, односно 84 години од загинувањето на народниот херој Боро Менков, во реонот на село Белановце, Кумановско.
Со пригоден говор за ликот и делото на народниот херој Боро Менков, чие име со гордост го носи касарната „Боро Менков“, пред присутните се обрати командантот на касарната, потполковник Шпејтим Черими.
На прославата цвеќе положи делегација од Командата за операции (КО) предводена од командантот на КО, бригаден генерал Мирче Ѓорговски, командантот на 1.пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски и командантот на касарната, потполковник Шпејтим Черими.








