На ден 09.06.2017 година во касарна „Чојлија“, гарнизон Петровец, припадниците на тенковскиот баталјон ја одбележаа шеснаесет годишнината од загинувањето на капетанот Синиша Стоилов и војникот Фејзо Џеладиновски во конфликтот во 2001 година.
Пред присутните на поменот, пригоден говор одржа командантот на тенковскиот баталјон потполковник Тони Златевски, истакнувајќи дека „Нивните положени животи ќе останат во трајно сеќавање меѓу припадниците на тенковскиот баталјон, 1.мпбр и АРМ, и одбележувањето на датумот на нивното загинување ќе остане обврска за одавање почит кон своите колеги кои ги дадоа своите животи за одбрана на татковината,одбрана на суверенитетоти територијалниот интегритет на Република Македонија.“
Пред спомен обележјето на загинатите припадници на тенковскиот баталјон, што се наоѓа во кругот на касарната, свежо цвеќе положија делегација одпредпоставената командантот на прва механизирана пешадиска бригада, делегација од тенковски баталјон предводен од командантот на баталјон потполковник Тони Златевски, како и роднини и пријатели на загинатите.
Со денешното чествување припадниците на Армијата на Република Македонија уште еднаш, на загинатите припадници во конфликтот во 2001 година, им оддадоа почит на нивната храброст, несебичност и пожртвуваност во која за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија несебично ги положија и своите животи.