Денес во касарната ,,Илинден” пред спомен обележјето на трагично загинатиот постар водник Зоран Јованов, се одбележаа 21 година од неговата трагична смрт. Свежо цвеќе положија, претставници од Командата за Операции, Извидувачко разузнавачкиот баталјон, баталјонот за Специјални Сили, Логистичка база и останатите единици сместени во касарната ,,Илинден”, како и неговиот син Адријан, братот Јове, роднините и пријателите.
Зоран Јованов е роден 13.02.1972 година во Скопје. Беше оженет и татко на едно дете. Целата негова војничка кариера ја поминал во специјалните единици. Кариерата ја започнал како припадник на специјалните единици на поранешната Југословенска Народна Армија, а потоа како падобранец и инструктор по падобранство во специјалните единици на Армијата на Република Северна Македонија со вкупно реализирани 298 падобрански скокови.
Зоран Јованов го загубил животот на 23.05.2004 година, на 32 годишна возраст, на спортскиот аеродром Коњари кај Прилеп.