Во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово со воена свеченост, припадниците на 3.пешадиски баталјон (3.пб) го одбележаа денот на единицата.
По тој повод на денешната свеченост присуствуваа, командантот на 1.пешадиска бригада, бриганден генерал Сашко Лафчиски, команданти на потчинети единици, претставници од штабот на 1.пбр, поранешни команданти на 3.пб, претставници од локална самоуправа и други гости, а по повод 30 години Армија присутни беа и поранешни вработени во Армијата кои ја превзеле касарната од поранешната ЈНА.
„Почитувани присутни, денес одбележуваме уште еден Ден во вековната борба и стремежите на многу генерации за слободна и независна држава, а денешната свеченост, е уште една прилика да се потсетиме на нашите славни предци и нивните херојски дела“ истакна командантот на 3.мпб во своето пригодно обраќање по повод Денот на единицата
На свеченоста по повод денот на единицата беа прочитани честитки и стимулативни мерки за припадниците на единицата, а беше прогласен и најдобар вод од составот на единицата.
За најдобра единица по повод денот на единицата од 3.пб беше прогласен извидувачкиот вод од командната чета
Покрај стимулативните мерки и културно-уметничка програма, припадниците на 3.пб пред многубројните гости беше реализирано и свечено дефиле на единиците.