По повод 8ми септември, Денот на независноста, четвртата ротација во рамки на т.н. „Активности на зголемена будност“, (eVA) во Романија организираше свечена церемонија во Каракал, Романија.
На церемонијата по повод Денот на независноста присуствуваа високи гости од Мултинационалната бригада југо-исток, градоначалникот на Каракал, претставник од македонската амбасада во Романија, пратеник од романската влада, претставници од противпожарната бригата во Каракал, претставници од министерството за внатрешни работи во Каракал, командантите на сите баталјони кои се потчинети на Мултинационалната бригада југо-исток, претставници од португалскиот, полскиот контингент, од американската и бугарската армија.