Денес 26-ти Февруари (Среда) во касарната „Боро Менков“ во гарнизонот Куманово со воена свеченост се одбележа Денот на бригадата за Резервни Сили.
На свеченоста присуствуваа командантот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) генерал мајор Методија Величковски, командантите на првопотчинетите единици од составот на ЗОК, началниците на секции од ЗОК, претставници од подрачните единици на Министерството за Одбрана, сојузот на борци од НОВ и претставници од локалната самоуправа на општина Куманово.
Истовремено, покрај активностите кои се одвиваа во просториите на Резервните Сили, денот на единицата се одбележа со полагање на свежо цвеќе и во месноста „Жеглане“ во близина на Куманово каде на 26-ти Февруари 1943 година е формирана Третата македонска ослободителна бригада чиј носител на традицијата е единицата за Резервни Сили.