Во касарната „Боро Менков“ Куманово, со полагање на цвеќе пред бистата на Народен Херој “Боро Менков“ беше одбележан патронатот на касарната, односно 75 години од загина на народниот херој чие име со гордост го носи касарната.
Со пригоден говор за ликот и делото на народниот херој Боро Менков пред присутните се обрати командантот на касарната потполковник Лулзим Нуредини и историчар Марија Живачки од НУ Музеј на град Куманово. Боро Менков е прогласен за народен херој на 30 декември 1951 година со уште 65 учесници во НОБ.
На прославата присуствуваа началникот на штаб во здружено оперативната команда (ЗОК) бригаден генерал Азим Нуредин, командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), бригаден генерал Зоран Милески преставници од државна управа, јавните установи и служби, Сојуз на борци Куманово и останати гости.
Културно уметничката програма со свое присуство ја збогатија ученици од гимназијата „Гоце Делчев”, КУД „Срма“, КУД „Бајрам Шабани“ и деца од градинката „Ангел Шајче“.