Денес во касарната во Штип, со полагање на свежо цвеќе пред бистата на големиот македонски револуционер Јане Сандански, од страна на делегација на 1. пешадиска бригада (1.пбр), предводена од командантот на бригадата полковник Бесник Емини и 2. пешадиски баталјон (2.пб), во услови кога припадниците на Армијата се ангажирани на работни задачи во поддршка на персоналот на МВР во справување со пандемијата на корона вирусот, беше одбележан патрониот ден на касарната „Јане Сандански“.
По повод патрониот ден, свое обраќање имаше командантот на 1.пбр, полковник Бесник Емини, кои им го честита денот на припадниците од касарната и потполковник Горан Шутевски, заменик на командант на 2.пб кој во своето обраќање се осврна на ликот и делото на Јане Сандански.
ГЃ/ЧС/БН