Во касарната „Илинден“, денес се одбележаа 18 години од трагичното загинување на капетанот Зоран Бубевски.
Положувањето на свежо цвеќе, како и секоја година, се реализира пред спомен собата посветена на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски.
Во говорот пред присутните заменик командантот на баталјонот за врски го истакна неговото животно дело, посветеност, својата храброст и несебичноста во извршување на поставените задачи во севкупната воена кариера за што е посмртно одликуван со медал „Медал за Храброст“.
На поменот присуствуваа семејството, бригадниот генерал Методи Хаџи-Јанев, претставници на ЗОК, многубројни пријатели на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски, припадници од баталјонот за врски и команданти на единиците лоцирани во касарната „Илинден“ – Скопје.
ДД/ЧС/БН