Во касарната „Илинден“ се одбележаа шеснаесет годишнината од трагичното загинување на капетан Зоран Бубевски.
Положувањето на свежо цвеќе се изврши пред спомен собата во кругот на командата на баталјонот за врски посветена во чест на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски.
Во говорот пред присутните заменик командантот на баталјонот за врски го истакна неговото животно дело, посветеност, својата храброст и не себичност во извршување на поставените задачи во севкупната воена кариера за што посмртно е одликуван со „Медал за Храброст“ од страна на Врховниот Командант на Вооружените сили на Република Македонија и Претседател на Република Македонија.
На поменот присуствуваа семејството, командантот на касарна „Илинден“, бригаден генерал Орце Јордев, делегација од ЗОК предводена од полковникот Златко Ѓорѓиовски, многубројни пријатели на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски, припадници на баталјонот за врски и сите команданти на единиците во касарна „Илинден“ Скопје.
Секоја година во негова чест во баталјонот за врски се одбележува поменот на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски.