Во рамки на одбележувањето на 18 Август, Ден на Армијата на Република Северна Македонија во касарните во зоната на одговорност на Командата за операции се одржа пригодна свеченост.
Во пригодните говори од командантите и нивните заменици се укажа на значењето на Армијата на Република Северна Македонија и улогата која Армијата треба да ја оправда во понатамошниот развој како членка на најголемиот воен сојуз во светот НАТО Алијансата при извршувањето на задачите кои ќе произлезат од самото членство во истата.
Беа прочитани честитки и наредби за унапредување во единиците, како и награди и пофалници.