Командантот на Командата за операции бригаден генерал Бесник Емини во периодот од 14.03. до 17.03.2023 година реализира работна посета на Командата на Армијата на САД за Европа и Африка (USAREUR-AF) во Визбаден, СР Германија.
Генералот Емини оствари средба со заменик-командантот на Командата за специјални операции Европа (SOCEUR), капетанот Луис МекКреј во седиштето на SOCEUR. За време на посетата се разговараше за идните заеднички операции и соработка во обуките и вежбите, со цел зголемување на интероперабилноста со останатите НАТО членки.
ЧС