Во период од 3 до 7 ноември 2025 година, делегацијата на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ), предводена од командантот на вВИНГ, полковник Драган Павловски, реализираше официјална работна посета на Военото воздухопловство на Вооружените сили на Република Италија.
Целта на посетата беше зајакнување на билатералната соработка и развој на заеднички иницијативи во областите на военото воздухопловство, воздушниот менаџмент, мисијата на воздушно патролирање, обука и против воздушната одбрана помеѓу двете земји.
Посетата ја потврди цврстата посветеност на двете земји за понатамошно унапредување на одбранбената и безбедносната соработка.








