На ден 22 април 2014 година на Армискиот Полигон „Криволак“ се реализираше опитно артилериско гаѓање со цел квалитетен прием на новозадолжени минофрлачи 120 мм од поправка, како и нивна проверка на техничката исправност и воведување во употреба.
Артилериско опитно гаѓање беше реализирано и со хаубица 105 мм од артилерискиот баталјон, минофрлачи 82 мм М69 и минофрлачи 120 мм од 3.механизиран пешадиски баталјон.
Гаѓањето помина во најдобар ред и истото беше изведено од страна на искусни старешини и добро обучени професионални војници.
По извршеното гаѓање, утврдено е дека сите орудија се во исправна состојба.