Денес во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“- Петровец беше реализиран прием кај командантот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) бригаден генерал Сашко Лафчиски на персоналот од третата ротација за менторирањето на 4. Бригадата за асистенција на безбедносни сили (4.SFAB).
Досегашното присуство на (4.SFAB) во 1.пбр имаше позитивно влијание врз целокупниот процес на менторирање во подготовката и реализацијата на обуката и задачите како и во размена на искуствата и системот на функционирање на Армијата на САД и нашата армија, за кое командантот на бригада истакна дека треба да продолжи и понатаму со истиот континуитет и ги даде своите насоки и задачи и очекувања од ова ротација.
Тим од 4.SFAB присуствува во Република Северна Македонија со цел преку менторирање и поддршка на единиците, се достигнат високите НАТО стандарди во процесот на обука и вежби.
ГЃ/СЛ