Во соработка со Организацијата на резервни офицери на Република Македонија (ОРОРМ), на ден 27.09.2014 година (сабота), на стрелиштето “ПЕНУШ“ во близина на Штип се одржа подготвително гаѓање на реден број 1 со автоматска пушка 7,62 мм (АП 7,62 мм).
На резервните старешини пред почетокот на гаѓањето им беше презентирано тактичко техничките карактеристики, намена и борбени особини на АП 7,62 мм. По завршувањето на гаѓањето, припадниците на резервните старешини присуствуваа на тактичко-технички збор кој се одржа во касарната „Јане Сандански“ – Штип. На стрелиштето присуствуваа 120 припадници на ОРОРМ.
На крајот на активноста претседателот на организацијата на резервни офицери изрази голема благодарност за помошта и поддршката која ја пружија припадниците на 2.механизиран пешадиски баталјон од составот на 1.механизирана пешадиска бригада.