Денес во командата на тенковскиот баталјон, во касарната „Чојлија“ беше одржан редовниот месечен состанок на Командантот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) со командантите и командирите на потчинетите единица на бригадата.
Во рамките на редовниот месечен состанок, по завршеното реферирање на командантите на потчинетите единици пред командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски за извршените активности во изминатиот месец и за задачите во наредниот месец, тенковскиот баталјон реализираше показна вежба на тема „Постапки на посада на тенк Т-72“.
Показната вежба беше изведена низ две работни точки: РТ-1: „Постапки на посада на тенк Т-72“ каде беа презентирани дел од активностите кои посадата на еден тенк тенк се среќава за време на обучувањето и изведувањето на борбени активности: тактичко движење во ограничени услови, пратење и поддршка, реакција на контакт и излез на посадата на тенкот низ принудниот отвор.
На РТ-2, дел од единицата на четата за атомско биолошка и хемиска одбрана (чАБХО) која исто така лоцира во касарната „Чојлија“, покажа како се врши земање на контаминиран примерок од контаминирано земјиште и извршување на примарна деконтаминација на извидувачката патрола која навлегла во контаминирана зона во текот на изведување на борбени дејства.
На вежбата присуствуваа командантот и заменикот на командантот на 1.мпбр, началниците на секциите од штабот на 1.мпбр, командантите и командирите на потчинетите единици на 1.мпбр.
СМ