На ден 17.07.2025 година, во просториите на командата на воздухопловниот ВИНГ се одржа полагање за добивање на прва категорија на стручно-борбена оспособеност (СБО).
Кандидатот успешно ја одбрани темата:„Методско упатство за курс за инструктори по летање на хеликоптер Ми-8/17“, пред комисија, формирана согласно важечките стандарди и процедури.
Овој процес претставува значаен чекор во развојот на индивидуалните капацитети, како и во поддршката на стручната подготовка и едукација на летачкиот кадар на воздухопловниот ВИНГ.