Со положување на свежо цвеќе во касарна „Илинден“ се одбележаа 19 години од трагичното загинување на капетан Зоран Бубевски, кој беше припадник на оваа единица.
Претставници од баталјонот за врски, од единиците на Армијата стационирани во касарна „Илинден“ и членови на неговата фамилија оддадоа почит кон капетанот Бубевски пред спомен собата во кругот на командата на баталјонот за врски посветена во чест на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски.
БА/БН