Во касарната „Чојлија“, во гарнизонот Петровец, припадниците на Армијата со полагање на свежо цвеќе, пред спомен-плочата поставена во кругот на касарната, ја одбележаа 23- годишнината од загинувањето на припадници во конфликтот во 2001 година, капетан Синиша Стоилов и војникот Фејзо Џеладиновски од составот на поранешниот тенковски баталјон.
На одбележувањето присуствуваа поранешни припадници на тенковскиот баталјон, припадници од инженерискиот баталјон, делегација од 1. пешадиска бригада и членови од фамилијата на загинатите припадници, кои положија свежо цвеќе пред спомен-плочата.
Поменот на загинатите припадници претставува обврска која припадниците на Армијата ја чувствуваат како долг кон своите колеги, кои ги дадоа своите животи за одбрана на татковината, одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата. Припадниците на Армијата се горди што во своите редови имаа храбри и доследни колеги и соборци, на кои вечно ќе се сеќаваат.
ЏР/СН