Во касарната „Чојлија“, во гарнизонот Петровец, припадниците на Армијата со полагање на свежо цвеќе пред спомен плочата, поставена во кругот на касарната, ја одбележаа 24 годишнината од загинувањето на припадници во конфликтот во 2001 година, капетан Синиша Стоилов и војникот Фејзо Џеладиновски од составот на поранешниот тенковски баталјон (тб).
На одбележувањето присуствуваа поранешни припадници на тб, припадници од инженерискиот баталјон (инжб), делегација од 1. пешадиска бригада (1.пбр), делегација од општина Зрновци, директорката на Основното Училиште „Синиша Стоилов“ од Зрновци и членови од фамилиите на загинатите припадници, кои положија свежо цвеќе, пред спомен плочата, поставена во кругот на касарната.
Поменот на загинатите припадници претставува обврска која припадниците на Армијата ја чувствуваат како долг кон своите колеги кои ги дадоа своите животи за одбрана на татковината, одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата. Припадниците на Армијата се горди што во своите редови имаа храбри и доследни колеги и соборци, на кои вечно ќе се сеќаваат.
ГЃ/ДЧ