Во рамки на годишната програма за соработка со Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Република Северна Македонија, беше реализирана посета на 2. пешадиски баталјон (2.пб) во Штип.
За време на денешната посета аташеите се запознаа со историјата и структурата на единицата, мисијата, задачите, тековните и планирани активности, како и со модернизација и набавка на потребната опрема која содејствува со стандардите на Алијансата.
По завршување на брифингот, аташеите во придружба на претставниците од Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Командата за операции, имаа можност да се запознаат со дел од вооружувањето и опремата на единицата.
По завршување на посетата на касарната „Јане Сандански”, градоначалникот на општина Штип г. Иван Јорданов организираше прием во општината, каде аташеите беа брифирани за градот Штип, неговите капацитети, можности и соработки со општината.