Во посета на касарната „Јане Сандански” во Штип, беше амбасадорот на Р. Словенија. Н.Е. Милан Јазбец, придружуван од министер советник во амбасадата на Р. Словенија г-ѓа Уршка Поточник како и од г-ѓа Билјана Молан Крисарова административен секретар во амбасадата на Р. Словенија.
На посетата беа присутни градоначалникот на град Штип примариус Илчо Захариев, претставници од ЗОК (Здружено оперативната команда) и 1.мпбр (механизирана пешадиска бригада) како и пензионирани старешини.
Амбасадорот на Р. Словенија Н.Е. Милан Јазбец од страна на командантот на 2.мпб (механизиран пешадиски баталјон) потполковник Горан Петрушевски беше запознаен со историјата на 2.мпб и градот Штип, како и одличната цивилно-воена соработка со локалната самоуправа на градот.
Повод за оваа посета на амбасадорот на Р. Словенија во касарната „Јане Сандански” во Штип беше навраќање на спомените од војничките денови кои амбасадорот ги имал и доживеал додека го отслужувал воениот рок во касарната која денес го носи името на револуционерниот херој Јане Сандански.