Асоцијацијата на одбранбени аташеи (резидентни и нерезидентни) акредитирани во Република Северна Македонија, врз основа на годишниот План и програма за соработка на Асоцијацијата на одбранбени аташеи со Министерството за одбрана, реализираа посета на Командата за операции во Куманово.
Одбранбените аташеи ги пречека командантот на Командата за Операции, бригаден генерал Бесник Емини со клучниот персонал од командата и истите беа запознаени со мисијата, задачите, структура на единиците, обуката која се изведува, трансформацијата и модернизацијата на Командата за операции.
ЧС