Врз основа на годишниот План и програма за соработка на Асоцијацијата на одбранбени аташеи со Министерството за одбрана, Асоцијацијата на одбранбени аташеи (резидентни и нерезидентни) акредитирани во Република Северна Македонија, реализираа посета на Командата за операции во Куманово.
Одбранбените аташеи ги пречека командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски со клучниот персонал од командата и истите беа запознаени со мисијата, задачите, структура на единицата, трансформацијата и обуката која се изведува во тековната година, како и со опремата и капацитетите на единиците од составот на Командата за операции.
Од страна на припадниците на четата за АБХО беше реализиран тактичко-технички збор на опремата со кои располага единицата.
По посетата на касарната „Боро Менков“ во Куманово, Асоцијацијата на одбранбени аташеи, реализираше и посета на Општина Куманово и протоколарна средба со градоначалникот на Општина Куманово, г. Максим Димитриевски.