Согласно Планот за билатерална соработка во областа на одбраната за 2022 година во периодот од 8 до 10 ноември се реализираше активноста “Посета на Баталјонот на воена полиција” од делегација од Вооружените сили на Република Бугарија, предводена од Директорот на Службата на воена полиција, бригаден генерал Ивајло Сотиров.
Во рамките на посетата, беа презентирани капацитетите на единицата, а беше разговарано и за досегашната соработка, стекнатата интероперабилност преку заедничките активности, идните заеднички активности, како и можностите за нови полиња на соработка.
Оваа посета ќе придонесе кон зајакнување на билатералната одбранбена соработка помеѓу двете земји.
ЃТ/ЧС