Согласно Планот за цивилна воена соработка за 2025 година, на ден 23.05.2025 година ученици од ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје реализираа посета на Баталјонот на Воена полиција.
Во рамки на посетата учениците имаа можност да се запознаат со мисијата и суштинските задачи, како и со дел од способностите на Баталјонот на Воена полиција.
Соработката со училиштата од општините во гарнизонот Скопје претставува одлична можност за јакнење на цивилно-воената соработка.