Делегација, предводена од одбранбеното аташе на Соединетите Американски Држави (САД) во Република Македонија, полковник Томас Батлер, реализира работна посета на инженерискиот баталјон (инжб) и баталјонот на Воената полиција (бВП).
Целта на посетата беше ретроспектива на досегашната соработка која ја имаат вооружените сили на САД со единиците на АРМ (школувања, обуки и опрема) и разгледување на можностите за идна соработка.
Од страна на Армијата на Република Македонија присуствуваа претставници од Здружената Оперативна Команда, 1.мпбр, инжб и бВП.
За време на посетата делегацијата се запозна со улогата, задачите и мисијата на инжб и бВП при што претставниците од Амбасадата на САД извршија разговор со припадниците од единиците кои се школувале по програмата за соработка во военото образование и со главните и првите подофицери од единиците.
Посетата заврши со реализација на презентација на опремата на инжб и бВП која е донирана од страна на САД.