Главниот подофицер во АРМ, главен наредник Свето Цветковски, денес, 28.11.2017 година, во касарната „Илинден“ во Скопје го посети инженерискиот баталјон (инжб) од составот на првата механизирана пешадиска бригада.
По повод 25 години од формирањето на АРМ, како и постигнатите резултати на инжб со локалната самоуправа во село Порој, општина Тетово, главниот подофицер во АРМ на двајца професионални војници, разводник Златко Марковски и разводник Богдан Велковски, им врачи монета за особено залагање.
Во месец септември, годинава, инжб изврши изградба на дрвен мост во селото Порој. Ваквата потреба се јави како резултат на поројните дождови кои го зафатија селото, при што дојде до големи оштетувања на мостот. Припадниците на инжб со помош на општина Тетово и месното население од село Порој за само 12 дена успеаа да изградат целосно нов дрвен мост.