На ден 05.03.2026 година, во касарната „Илинден“ во Скопје, Извидувачко разузнавачкиот баталјон (ИРб) беше домаќин на официјална посета на Асоцијацијата на одбранбени аташеи (АОА) акредитирани во Република Северна Македонија.
За време на денешната посета аташеите се запознаа со историјата и структурата на единицата, мисијата, задачите, тековните и планирани активности, како и за предизвиците и плановите за наредниот период на единицата.
За време на посетата на полигонот за обука во касарната „Илинден“ на делегацијата ѝ беше презентирана дел од редовната обука на припадниците на ИРб и имаа можност да се запознаат со дел од вооружувањето и опремата на единицата.
Посетата беше организирана со цел продлабочување на меѓународната воена соработка, размена на искуства и запознавање со капацитетите, задачите и тековните активности на единицата.
Со реализацијата на оваа посета, Извидувачко разузнавачки баталјон уште еднаш ја потврди својата определба за професионалност, транспарентност и континуиран развој на способностите во согласност со националните приоритети и современите безбедносни предизвици.








