Делегација од Командата за операции (КО), предводена од Командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини, во периодот од 22.11 до 25.11. 2021 година реализираа посета на Норвешкиот заеднички штаб со цел запознавање со организацијата и работа на Норвешкиот заеднички штаб во Кралството Норвешка.
За време на посетата командантот на КО беше запознаен со начинот на организација и работа на Норвешкиот заеднички штаб како оперативен центар за следење на сите поморски, копнени и воздушни активности на армијата на Кралството Норвешка во земјата и во странство, во координација со државните и цивилни институции при справување со секаков вид на кризи, следење на моменталната состојба, планирање и водење на воени вежби како и контрола и поддршка на мировните операции во странство, со потенцирање на интероперабилноста со останатите НАТО членки.
Претходно во периодот од 15.11 до 17.11.2021 година, делегација од КО, предводена од командантот на 1.пешадиска бригада, полковник Сашко Лафчиски учествуваше на активноста „On job training“ на бригадата Север во Бардуфос во Кралството Норвешка. Во рамките на активноста беа реализирани посети на полигоните за вежбање, посета на инженерискиот баталјон како и начините на користење на инженериските капацитети.
ЧС