На ден 07.11.2019 година се реализираше посета на Командата за операции од страна на Норвешкото нерезидентно одбранбено аташе и истиот имаше средба со командантот на Командата за операции, генерал-мајор Павле Арсоски.
За време на средбата се разговараше за досегашната воена соработка со Кралството Норвешка и за нивната континуирана поддршка за нашата стратешка определба за потполна интеграција во евроатланските структури. Потполковник Егил Далтвеит беше запознаен со историјата и мисијата на Командата за операции, со новата организациско-формациската структура, како и за досегашниот тек на процесот на трансформација и идните чекори и предизвици коишто ја очекуваат КО во наредниот период.
Посебен акцент беше ставен на дефинирањето на идната соработка меѓу двете армии.
БА/БН