Во Командата за операции (КО) се реализира посета од шефот на НАТО советодавниот тим во Република Северна Македонија, полковник Зоран Јанковиќ кој беше пречекан од командантот на КО, генерал-мајор Павле Арсоски.
Во текот на посетата полковник Јанковиќ беше брифиран за досегашниот тек на процесот на трансформација на КО и потчинетите единици. Целта на ваквата посета е споделување на искуства со цел давање на поддршка во процесот на трансформација на Армијата.
На крајот од посетата, двете страни искажаа подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката во остварување на аспирациите на Република Северна Македонија за полноправно членство во НАТО.
ЧС/БН