Во рамките на еднонеделната посета на Република Северна Македонија, командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, денес, реализираше посета на лесниот пешадиски баталјон (лпбн), во Штип и оствари средба со претставници од Командата за операции (КО), 1. пешадиска бригада (1.пбр) и 2.пешадиски баталјон (2.пб).
При денешната посета генерал-мајор Грегори Најт се запозна со формациската поставеност на единицата, тековните активности, предвидените планирани содржини кои ќе се реализираат до крајот на годината како и со набавката на потребната опрема и модернизација која содејствува со стандардите на алијансата.
По завршување на брифингот во придружба на началникот на штаб во KO, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, заменик командантот на 1.пбр, полковник Васко Коколански и командантот на 2.пб, потполковник Стојанче Костов, генерал-мајор Грегори Најт имаше можност да се запознае со дел од вооружувањето и опремата со која располага единицата.
Од месец септември декларираната единица продолжува со реализација на подготовките за претстојното НАТО оценување на единицата по CREVEL (Combat Readiness Evaluation) во месец април 2022 година.
ИН/ЈМ