Врз основа на планот за работа на ГШ на АРМ, во касарната „Боро Менков“ во Куманово се изврши информирање на целокупниот персонал од страна на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски.
Посетата е планска активност со цел да се запознае персоналот со актуелните појави и настани и приоритетите на АРМ во тековната година.
На самиот почеток, НГШ на АРМ генерал-мајор Васко Ѓурчиновски го запозна персоналот со актуелностите во АРМ, како и за обврските во однос на извршувањето на планираните активности во подготовките и учеството во мировните мисиите надвор од земјата.
Како приоритети во идното работење, ги истакна професионализмот на сите полиња во работата на персоналот како поединци и единицата како компактна структура, обуката, физичката подготвеност и подготовката за ротација на персоналот за извршување на мисии надвор од државата.
На крајот од информирањето, НГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски истакна дека ваквите информирања се корисни и истите ќе продолжат во континуитет да се реализираат во понатамошниот период.
ЧС/БН/ПА