Одбранбеното аташе на Турција, полковник Реџаи Илмаз, денеска (14.10.2025 година) оствари средба со командантот на Команда за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски. Средбата се реализира во просториите на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
На средбата командантот на КО и ОА на Турција разговараа за одбранбената билатерална соработка меѓу двете земји како и за поддршката која Република Турција како голем донатор ја дава за Армијата.








