Делегација од баталјонот на воена полиција (бВП), предводена од заменикот на командантот на баталјонот Воена полиција, мајор Зоран Станкоски реализира посета на Службата за Воена полиција на вооружените сили на Република Бугарија. Делегацијата беше пречекана од заменик директорот на Служба Воена-полиција, полковник Љубомир Дучев како и директорот на регионалната Служба на Воена полиција во Софија, полковник Јосиф Дочев.
Оваа активност претставува континуитет на веќе воспоставената соработка помеѓу баталјонот на Воена полиција и Службата на Воена полиција на Република Бугарија.
Тема на посетата беше продлабочување на воспоставената соработка со цел развој на капацитетите на единиците од двете земји, продолжување на заедничката обука и вежби, како и размена на научени лекции и искуства.