На 28 јануари 2026 година, во командата и штабот на Првата пешадиска бригада (1.пбр), командантот на (1.пбр), бригаден генерал Дејан Чиплаковски оствари средба со новопоставениот офицер од постојаниот воен тренинг тим од Вооружените сили (ВС) на Обединетото Кралство за Западен Балкан, мајор Паул Гудол.
На средбата беше поздравена досегашната континуирано добра билатерална соработка со тимот од ВС на Обединетото Кралство, која посебно е изразена во јакнење на капацитетите, заедничките вежби и унапредување на интероперабилноста преку обуката и курсевите за пешадиските единици на Армијата, согласно НАТО стандардите.
Во наредниот период ќе се продолжи со реализација на активностите со тимот и единиците од Армијата.
ДЧ/ГЃ








