На ден 15.11.2017 година во посета на воздухопловната бригада (вбр) во касарната НХ „Страшо Пинџур“ присуствуваа претставници од военото воздухопловство на Република Бугарија.
Во состав на делегацијата покрај заменик командантот на военото воздухопловство на Р. Бугарија бригаден генерал Петјо Христов Мирчев, беа и началникот на штаб на хеликоптерската ескадрила во воената база „Крумово“ мајор Стефан Митков Стефанов и заменик командантот на хеликоптерската ескадрила во воената база „Крумово“ капетан Александар Кирилов Славчев.
Посетата е дел од билатералната соработка, при што претставниците од военото воздухопловство на Република Бугарија најпрвин беа примени од страна на Командантот на вбр, при што беше изразена благодарност за помошта од страна на хеликоптерската единица од Р. Бугарија за помошта во гасењето на пожарите во текот на летото. По што беше одржана презентација за единиците од составот на вбр како и за воздухопловите кои ги поседува бригадата.
За време на посетата делегацијата покрај останатото имаше можност да се запознае со летачките единици како и сквадронот за воздухопловно техничко одржување, каде што им беа презентирани дел од капацитетите со кои располааат единиците.
На крајот од посетата се разговараше за можностите за понатамошна соработка на повеќе полиња од делот на воздухопловството како и продлабочување на досегашната соработка.