На ден 01.04.2019 година учениците од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“- Битола реализираа посета на воздухопловната бригада (вбр), како дел од соработката која вбр ја има со цивилните структури. Цел на посетата беше запознавање на учениците со средствата кои ги поседува воздухопловната бригада и активностите кои таа ги реализира.
Учениците во текот на посетата имаа можност да се запознаат со дел од персоналот од воздухопловната бригада и работата која ја извршуваат. На задоволство на посетителите, беа изложени неколку воздухоплови во кои истите имаа можност да влезат и одблиску да ги разгледаат. Покрај секој воздухоплов се наоѓаше по еден пилот и техничар летач за одговор на прашањата на посетителите.
Воздухопловната бригада и во иднина ќе остане секогаш подготвена и отворена за соработка со цивилните структури.
ГИ/БН