Денес, во работна посета на воздухопловната бригада (вбр) и сквадронот за транспортни хеликоптери (стх) во касарната во Петровец беше делегација од воени аташеи акредитирани во Република Македонија (резидентни и нерезидентни) од повеќе земји.
Воените аташеи имаа можност преку презентација да се запознаат со структурата, мисијата и задачите, идните предизвици во вбр како и стх но и за останати прашања за кои гостите искажаа интерес.
Во рамки на денешната посета воените аташеи имаа можност да присуствуваат и на презентација за хеликоптер Ми-17 од страна на припадниците на стх.
Посетата е редовна активност која се реализира на годишно ниво врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана на Република Македонија со Асоцијацијата на воени аташеи во Република Македонија.