На 27 и 28 ноември 2014 година во посета на Здружената оперативна команда (ЗОК), првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) и бригадата за логистичка поддршка (брЛП) престојуваше тим од Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.
На ден 27 ноември во Куманово тимот оствари средба со заменик на командантот на ЗОК бригаден генерал Мухамет Рацај и подоцна во гарнизонот Петровец со командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски, додека на 28 ноември во Скопје се реализира средба со командантот на брЛП полковник Владимир Стојановски.
Цел на посетата на ЗОК и дел од првопотчинетите единици е претставување на тимот предводен од капетан Румен Радев шеф на Канцеларијата за врски на како и запознавање со активностите на канцеларијата.
За време на средбите се дискутираше за активности на Канцеларијата за врски на НАТО фокусирани на реална поддршка на реформите во одбраната на Република Македонија, како и можностите за јакнење на понатамошната соработка.
Остварените средби се потврда за одличната соработка помеѓу командите и единиците на АРМ и Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.