Денес (30.09.2025 година) во касарната „Чојлија“ беше реализирана посета на инженерискиот баталјон (инжб) од составот на Првата пешадиска бригада (1.пбр) од страна на Асоцијацијата на одбранбени аташеи (АОА) акредитирани во Република Северна Македонија.
По пречекот од страна на заменик командантот на 1.пбр, полковник Блерим Исмаили и командантот на инжб потполковник Ласте Ѓоргиев, беше реализиран брифинг, со кој делегацијата од АОА беше запозната со историјата, мисијата на единицата, организациско-формациската структура, опремата, терените за обука како и активностите кои ги има единицата за наредниот период и процесот на модернизацијата на опремувањето.
Во рамки на денешната посета пред делегацијата на АОА беа презентирани дел од инженериските машини и опремата, и се оствари посета на спомен собата во командата на инжб.
ЏР/БИ