Во деновите 23 и 24 Декември 2013 година во гарнизонот Тетово се реализираа ситуационо-тактички вежби (СТВ) со контингентот кој се подготвува за упатување во мировна операција „ИСАФ“ во Р. Авганистан.
Во текот на ситуационо-тактичките вежби низ реалистично сценарио, приближно до природата на мисијата, припадниците на контингентот решаваа тактички задачи според креирана листа на инциденти.
За време на реализација на ситуационо-тактичките вежби во обиколка и контрола беа екипи од ГШ на АРМ и 1.мпбр, Началникот на штаб на Здружената Оперативна Команда бригаден генерал м-р Стојан Димчов и командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски.
Притоа беше констатирано дека контингентот е подготвен да одговори на зададените задачи кои произлегуваат од мисијата.