Во период од 4 до 8 септември, тим од армијата на СР Германија од родот врски, предводен од потпоручник Никлас Боде, реализираше посета на вториот пешадиски баталјон (2.пб) од составот на Првата пешадиска бригада (1.пбр).
Претставниците од армијата на СР Германија ги пречека командантот на 2.пб, потполковник Зоран Сумрачки, а беа придружувани од страна на началникот на С-6 поручник Дамјан Јаневски. Целта на посетата беше билатерална соработка, експертски разговори и размена на искуства.
При реализација на посетата присутните беа запознаени со мисијата на единицата, структурата, беше организирана презентација на дел од опремата, вооружувањето и МТС, искуствата од последното оценување и процесот на трансформација и модернизација на единицата како и со опременоста во однос на врски во единицата.
Како дел од посетата претставниците од армијата на СР Германија имаа можност да се запознаат со дел од културните споменитости на градот Штип.